|| Профил || Адвокати || Клиенти ||
ЈУЛИАНА СТОЈАНОВСКА-АДВОКАТ И ОСНОВАЧ
Јулиана Стојановска е родена во Скопје, Република Македонија, каде живее и се образува. Ги завршува студиите во декември 1998 година, на Правниот факултет на Универизитетот Свети Кирил и Методиј во Скопје. Ја започнува својата адвокатска кариера веднаш по дипломирањето, започнувајќи од јануари 1999 година, како адвокатски приправник во адвокатската канцеларија на адвокат Иван Чукиќ од Скопје. Во 2002 година, завршува специјални студии во Италија каде го изучува правото на ЕУ за заштита на животна средина и третирање на отпадни води. Во април 2003 година, го положува правосудниот испит и се зачленува во Адвокатската комора на Република Македонија. Во јули 2003 година, ја продолжува својата кариера во адвокатската канцеларија на адвокат Лазар Чукиќ-син на Иван Чукиќ, и со него продолжува да работи во Адвокатското друштво основано од адвокатите Лазар Чукиќ и Серјожа Марков, од април 2006 година. Во ноември 2007 година, ја основа адвокатската канцеларија СТОЈАНОВСКА Адвокати, каде продолжува да работи остварувајќи брз успех.
Јулиана Стојановска учествува на голем број семинари и курсеви каде постојано се усовршува во својата стручност, учествува на проекти, а особено значајни се:
Семинари:
25-26 Октомври 2006 г. во организација на АВУС, на тема: нематеријална штета;
5-7 Ноември 2009 г, во организација на Здружение на правници, на тема: деловно право и право на сопственост и други стварни права;
22 Март 2010 г. во организација на Здружение на правници, на тема: обезбедување на побарувања
Проекти:
Април-јули 2005 г, во организација на СОЖМ (Сојуз на организации на жени во Македонија), како правен експерт и советник во проектот за семејно насилство;
Мај 2006 г, во организација на Светски социјален Форум, Атина, Грција, како предавач на тема: правата на младите жени
За контакт со Јулиана Стојановска,
емаил: juliana@stojanovska-attorneys.mk
тел: + 389 70 266 747
МАЈА ПАРГОВСКА- АДВОКАТ
Маја Парговска е родена во Скопје, Република Македонија, каде живее и се образува. Ги завршува студиите во јуни 2007 година на Правниот факултет на Универзитетот ФОН во Скопје, насока Европско право и право на ЕУ. Ја започнува својата адвокатска кариера за време на траење на студиите како приправник во Стопанска бакна АД Скопје, во правен сектор, а по дипломирањето продолжува да работи во Стопанска банка АД Скопје како помлад соработник во Секторот за ризични пласмани се до јуни 2008 година. Краток период од стручната пракса поминува како приправник во Основен суд Скопје 2 Скопје, па потоа продолжува во Адвокатското друштво основано од адвокатите Лазар Чукиќ и Серјожа Марков, се до октомври 2009 година. Од ноември 2009 година започнува да работи во адвокатската канцеларија СТОЈАНОВСКА Адвокати, а правосуден испит положува во декември 2009 година, од кога станува член на Адвокатската комора на РМ. Во октомври 2010 година го положува испитот за застапници во постапка за заштита на индустриска сопственост, и се впишува во Регистарот на застапници при Државниот завод за индустриска сопственост на РМ.
Маја Парговска учествува на голем број семинари каде постојано се усовршува во својата стручност, а особено значајни се:
Семинари:
9 Јуни, 2006 “Програма за подршка на социјални институции“ Совет на Европа, Европска Комисија, Скопје, Македонија;
31 Мај – 1 Јуни, 2007 Семинар за: Менаџмент на проект, Односи со јавност, Решавање на конфликти, Техники за презентирање, Тимска работа
За контакт со Маја Парговска,
емаил: maja@stojanovska-attorneys.mk
тел: + 389 72 32 00 92