|| Профил || Адвокати || Клиенти ||
ПРИЗНАТ ЛИДЕР ВО ЗАШТИТА НА ВАШИТЕ ПРАВА
СТОЈАНОВСКА Адвокати е стручно оспособена адвокатска канцеларија основана во Република Македонија, која делува на нејзината територијата со примена на позитивните законски прописи на РМ, применливите закони на ЕУ, општоприфатените меѓународни правила на ЕУ и ООН и усвоените билатерални договори.
Преку спроведување на постапки во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, преку учество во арбитражни постапки и постапи на меѓународни избрани судови, преку застапување на домашни лица во странство, и застапување на странски лица во Република Македонија, ние ги трансцедираме нашите делувања надвор од границите на Република Македонија, во Европа, па и пошироко.
Како самостојна и независна јавна служба, нас не карактеризира:
РЕПУТАЦИЈА ЗА ПРОФЕСИОНАЛНИОТ ИНТЕГРИТЕТ
- Обезбедуваме, уставно и законито втемелен, правен консалтинг на домашни и странски правни и физички лица, како и нивно застапување, се со цел успешно остварување и заштита на нивните права и со закон засновани интереси, преку судовите во земјата и странство, и други државни органи и правни лица.
СОФИСТИЦИРАНА МЕТОДОЛОГИЈА
- Преку својата софистицирана, совесна, рационална и транспарентна методологија вршиме постојана евалуација на нашата работа, со цел да го одржиме веќе признатото ниво на квалитетот на нашите услуги.
- Преку иновативното и креативно размислување и создавање стратешки план го изнаоѓаме правното решение кое ќе биде најзадоволително за нашиот Клиент.
- Како стручно оспособени и високо свесни и совесни, разбирајќи ја природата на човекот индивидуално и бизнисот како колективна свест, му пристапуваме на секој Клиент поединечно, сериозно, стручно и одговорно, создавајќи меѓусебен однос на доверба.
ПОТВРДА ЗА УСПЕХ
- Успеавме да спасиме милиони евра за нашите Клиенти во тешки парници на суд, во постапки пред управните органи, преку преговарања, судски и вонсудски решенија. Успеавме да поништиме правосилни решенија преку иницирање на постапки пред Врховниот суд и постапки пред Судот во Стразбур. Нашиот деловен пристап, и постигнување на висок професионализам во судница преку вештите и агресивни расправи како дел од борбата за заштита на Клиентот и изнаоѓање на правдина во ситемот, само укажува на фактот дека НИЕ работиме за КЛИЕНТИТЕ и сме фокусирани на НИВНИТЕ НАЈВАЖНИ ЦЕЛИ.
ПОЧИТ КОН ТЕМЕЛНИТЕ ВРЕДНОСТИ
Имаме особена почит и достојно ги применуваме и темелните вредности на нашиот уставно правен поредок како цивилно право и воопшто према правниот поредок во светот, а особено:
- Начелото на владеење на правото;
- Начелото на основните слободи и права на човекот и граѓанинот;
- Начелото на заштита на сопственоста;
- Начелото на презумпција на невиност;
- Начелото на законитост во постапките;
- Начелото на материјална вистина и многу други.