
Нашата канцеларија е специјализирана во деловното право, заштитувајќи ги правата и застапувајќи ги интересите на домашните и странски Компании. Имаме особено искуство застапувајќи ги нашите Клиенти – Компании во арбитражни постапки и во постапки пред меѓународни избрани судови. Ние работиме на основни и сложени предмети и спорови, и водиме сметка за деловното работење на Компаниите преку превентивни правни совети.
Настапуваме проактивно и свесни сме за важноста од брзо дејствување и ургентно одговарање на деловните барања.
Ние целиме да им помагаме на нашите Клиенти - Компании, на повеќе начини: преку креирање на опции и стратешки планови, постигнување на реални и одржливи цели, нудиме правна помош при донесување на одлука за комерцијални цели, составуваме деловни договори, застапуваме во стопански спорови, управно судски спорови, постапки пред државните органи, и други правни лица, учествуваме во арбитражни постапки, и постапки на меѓународни избрани судови.
Области од деловното право:
- Корпоративно право
- Комерцијално право
- Финасиско право
- Банкарско право и право на хартии од вредност и акции
- Облигационо право
- Договорно право
- Штети
- Стечај и ликвидација
- Заложно право
- Стварно право
- Обезбедување на побарувања
- Даночно право
- Авторско право
- Индустриска сопственост и патенти
- Трудово право
- Правото на ЕУ
- Меѓународни договори и конвенции
- Билатерални договори
Во нашата канцеларија се водат и голем број на индивидуални граѓански предмети, во кои застапуваме физички лица заштитувајќи ги нивните права.
Области од граѓанското право:
- Облигационо право
- Стварно право
- Наследно право
- Семејно право
- Трудово право